Вчеравечер со изведување на низа обичаи и традиции, почна годинешното издание на Галичка свадба, 48 по ред. Младенци на манифестацијата, која собира бројни посетители и туристи, годинава се Илчо Димитров и Елена Дуровска.

Свадбата почна со редење, китење и веење на свадбарскиот бајрак, пукање три пушки од балконот на куќата на зетот, потоа продолжи со играње на свекрвино и невестинско оро, Тешкото, и обичајот на одење по вода на три чешми.

Денес наутро, манифестацијата продолжува со обичаите на канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата, венчавање итн.

Венчавањето на младенците во црквата Свети Петар и Павле ќе се одвива во 12.30 часот, а манифестацијата се заокружува со испраќање на топаните.

Галичката свадба е во организација на МЗ Галичник.

фото:МЗ Галичник



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.