В четврток, 19 септември, во големата сала од 20 часот ќе се одржи концерт на Филхармонија со кој ќе диригира Томас Херцог од Швајцарија во рамки на 47. Денови на македонската музика.

Програмата на концертот е патување низ различни епохи и стилови на македонската музичка мисла, со дела од композитори од различни генерации. Ќе прозвучат делата: Девет минијатури за симфониски оркестар од Томислав Зографски, Дијада бр. 2 за голем симфониски оркестар на Јана Андреевска, Прелудим бр. 2 / Con delicatezza од Панде Шахов, The apple t(h)ree (to the unmercanaries) за симфониски оркестар на Дамјан Темков и Disturbance за симфониски оркестар на Бојана Петровиќ Алексова.

Ќе биде доделена наградата „Георги Божиков“ што Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ традиционално ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешни изведби на дела од македонски композитори во текот на изминатата година, за 2023 година комисијата во состав: проф. д-р Стефанија Лешкова Зеленковска, музиколог, д-р Мирјана Павловска – Шулајковска, музиколог и проф. д-р Валентина Велковска Трајановска – копозитор ја доделува на ПИЈАНО ТРИОТО во состав: Татјана Петрушевска Караскаковска – обоа, Марјан Милошевски – фагот и Петар Макариевски – пијано.

Пијано триото, составено од тројца етаблирани музичари: Тајана Петрушевска – Караскаковска, прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски, прв фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ, и Петар Макариевски, уметнички соработник при ФДУ, е формирано во 2014 година. Триото својот прв настап го има на концертот и промоцијата на аудио изданието во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје.

Влезот на концертот на Македонската филхармонија на „Деновите на македонска музика“, е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.