Изложби, доделување награди и настап на Диџеј Макс ќе може да се посетат вечерва на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Станува збор за дел од 44. Годишна изложба на Факултетот при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Во 20 часот најавена е изложба на наградени студенти од четврта година на сите катедри на овој факултет. Притоа, свечено ќе бидат доделени неколку награди, пишува во соопштението од Факултетот.

Настапот на Диџеј Макс е закажан еден час подоцна – во 21 часот. Посетителите ќе можат да го проследат настапот пред ателјеата на катедрата за Скулптура и трансмедиумски практики.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.