3. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров” ќе се одржи од 1. – 5. октомври 2024, под мотото СЀ Е ТВОЕ !

Со радост ви го најавуваме третото издание на ИФДТ “ИГОР МАЏИРОВ”, што ќе се одржи од 1-5. октомври 2024 во организација на ТДМ.

Слоганот е инспириран од писмото на Горан Стефановски, до внуката Калина, а дизајнот е на Иван Петрушевски.

…”Сиот свет сега ти припаѓа тебе
и сè во него е твое!
Твои се земјата и луѓето и животните и
билките,
И морето и рибите
И небото и птиците
Твои се сонцето и ѕвездите
И твоја е месечината
Сѐ е твое!”…
Писмо до внуката – Горан Стефановски

Наскоро очекувајте повеќе информации за годинешната богата фестивалска програма, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.