Редовна биенална 19-та по ред Регионална ПЕН-конференција, во организација на Македонскиот ПЕН-центар, од денеска до понеделник ќе се одржи во Отешево, Преспа.
Програмата на конференцијата содржи тркалезна маса на тема „Природата на пишувањето – пишување за природата“ на која со свои излагања и дискусии ќе настапат претставници од повеќето ПЕН-центри од регионот. Покрај тоа ќе се одржи и состанок на Балканската ПЕН-мрежа на кој делегатите ќе поднесат извештаи за работењето на своите ПЕН центри и за состојбите од доменот на слободата на изразување и творење во своите земји.
Програмата на конференцијата вклучува и две книжевни средби на учесниците. Првата ќе се одржи утре во Керамичката галерија во Ресен, а втората в недела во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на посетата и средбата со авторите од овој град.
Comments are closed for this post.