Повеќе од 40 лингвисти од земјава и од светот ќе учествуваат на 12. Меѓународна македонско-полска научна конференција која денеска и утре ја организира Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, а ќе се одржи во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Свеченото отворање е во 10 часот во Ректоратот каде ќе се одржат поздравните говори. Пленарните сесии ќе бидат на Филолошкиот факултет во салата за седници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.