Кристијан Бејл во интервју за „Џи-кју“ (GQ), објаснува како својата успешна филмска кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо.

Според неговите кажувања, тој својата кариера ја изградил на улоги коишто Ди Каприо ги одбивал, бидејќи режисерите редовно прво оделе кај него, а потоа кај сите други глумци.

Со мене не е исто… Види, денес е, но требаше да мине некое време. Секоја улога што ја добива одреден глумец, како да е улога што Ди Каприо ја одбил. Нема врска со тоа колку си добар со режисерот, секоја улога којашто јас ја толкував, претходно му била понудена и нему – изјави Бејл.

Тој додава дека имало и повеќе други луѓе кои му го кажале истото.

Значи, ти благодарам, Лео! Тој буквално може да избере што да работи. И, тоа е добро за него, тој е одличен. Јас сум благодарен што добивам каква било улога и свесен сум дека не можам да се однесувам како што тој глуми. Не можев ни да живеам со славата со којашто тој живее, а го прави тоа на одличен начин – додава актерот.

Бејл годинава е актуелен со филмовите „Амстердам“ и „Тор: Љубов и гром“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.