Jубилејно чествување на делото на значајни МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИЦИ, во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи на 20 декември 2023 (среда), 12 ч. во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков“ – Скопје.
Одделението за македонска литература во XIX век при Институтот за македонска литература во Скопје нотираше
повеќе значајни јубилеи во 2023 година. Со научниот собир МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИЦИ се одбележуваат следниве
годишнини на значајни книжевни дејци од XIX век:
• 205 години од раѓањето на Партениј Зографски (1818);
• 180 години од смртта на Теодосиј Синаетски (1843);
• 175 години од смртта на Анатолиј Зографски (1848);
• 175 години од раѓањето на Венијамин Мачуковски и Славка Динкова (1848);
• 130 години од смртта на Ѓорѓија Пулевски и Григор Прличев (1893);
• 125 години од смртта на Димитар Македонски и Јосиф Ковачев (1898);
• 120 години од објавувањето на книгата За македонцките работи од Крсте Мисирков (1903)
Среда, 20 декември 2023
Амфитеатар на ИМЈ „Крсте Мисирков“ – Скопје
Научен собир МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИЦИ
Модератор: Валентина Миронска-Христовска
12,00
Поздравно обраќање
Наташа Аврамовска, директор на Институтот за македонска литература
12,05 – 12,45
ИЗЛАГАЊА
Валентина Миронска-Христовска, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
За македонските работи во XIX век
Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
Ѓорѓија Пулевски за Македонија и Македонците
Марина Цветаноска, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
Прличевото „Чувај се себеси“
Сарита Трајанова, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
Одбележувањето на јубилејни годишнини од македонскиот книжевен XIX век – значаен прилог за културната меморија.
Времето за излагање е ограничено на 10 минути.
Организационен одбор: д-р Валентина Миронска-Христовска, (претседател), д-р Наташа Аврамовска, директор (член),
д-р Сарита Трајанова (секретар)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.