Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа на фајналфор турнирот во регионалната СЕХА Лига, откако попладнево триумфираа и на реваншот против Војводина во Нови Сад со 32-26.

Македонскиот првак дојде до втората победа во четвртфиналната пресметка со шампионат на Србија со пресврт, откако Војводина на полувреме замина со предност од 15-11.

На првиот натпревар во Скопје ракометарите на петкратниот освојувач на СЕХА Лигата триумфираа над Војводина со 35-28.

Пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата ден претходно обезбеди и вториот македонски претставник Еурофарм Пелистер, кој беше поуспешен во двете четвртфинални дуели со словачки Татран Прешов.

Битолскиот состав на првиот натпревар пред своите гледачи славеше со убедливи 37-29, а вчера на реваншот беа уште поубедливи и триумфираа со 36-26.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.