Генералната дебата на 77. Собрание на ОН почна денеска со обраќање на генералниот секретар, Антонио Гутереш.
Пред светските лидери Гуререш посочи дека земјите се „затворени во огромна глобална дисфункција“ и не се подготвени да се соочат со водечките предизвици кои ја загрозуваат иднината на човештвото и судбината на планетата.
„Нашиот свет е во опасност и парализиран“, рече Гутереш во обраќањето, на кое присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Гутереш смирува дека се’ уште има надеж, пренесе АП, нагласувајќи дека соработката и дијалогот се единствениот пат напред. Тој предупреди дека ниту една моќ или група не може сама да носи одлуки.
„Да работиме како еден, како коалиција на светот, како обединета нација“, ги повика тој лидерите собрани во огромната сала на Генералното собрание.
Генералниот секретар на ОН зборуваше за војната во Украина, зголемувањето на бројот на конфликти во светот, вонредната состојба поради климатските промени, тешката финансиска состојба во која се наоѓаат земјите во развој и неодамнешните неуспеси во постигнувањето на целите на ОН, како што е прекинот на гладот и квалитетно образование за сите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.