Министерската за прашања за семејството во германската влада Ен Шпигел призна дека лажела за одморот за време на поплавите од минатата година.

Шпигел ги замоли граѓаните да ѝ простат што непосредно по катастрофалните поплави во 2021 година кога имала должност како министер за екологија на покраината Рајнланд-Фалц, отишла на четворонеделен одмор.

Како причина за заминување на одмор таа навела лични причини и голема оптовареност за своето семејство поради пандемијата. Кажа дека додека била на одмор постојао била во контакт со министерството кое го водела.

Инаку Шпигел, во својата поранешна функција, била надлежна и за издавање предупредувања за елементарни непогоди. Лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц побара нејзина смена од сегашната функција.

„Се докажа повторно дека на госпоѓата Шпигел одморот ѝ е поважен од судбината на луѓето“, рече Мерц.

Во поплавата кон средината на јули лани во покраината Рајнланд-Фалц и Северна Рајна Вестфалија загинаа повеќе од 180 луѓе.

Шпигел веќе беше критикувана затоа што кога почнаа поплавите, со својот тим разговарала за штетата по нејзиниот политички имиџ, место за судбината на граѓаните.

Партијата на зелените, чиј член е и таа, најави расправа за судбината на Шпигел, и можно е да бараат оставка од неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.