Контроверзниот сопственик на романскиот клуб Стеауа , Џиџи Бекали, во телевизиска емисија изјави дека вакцината против ковид убива луѓе, па поради таа причина решил да ги отстрани сите свои фудбалери кои биле вакцинирани од стартните 11. Подоцна изјави дека е се шегува, но неговите изјави се тема во соседството.
Бекали неодамна крена прашина во земјата велејќи дека повеќе би сакал да се самоубие отколку да се вакцинира.
Ако имав пиштол и вакцина на мојата маса, повеќе би сакал да земам пиштол и да си пукам во глава! Во мојот клуб нема ништо од вакцинација – изјави Бекали.
Романските медиуми се шокирани од одлуката на најголемиот тамошен скандал мајстор во историјата на фудбалот. Тој е обвинет дека ја саботирал вакцинацијата во земјава, бидејќи одлучил во стартните 11 да бидат само невакцинирани фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.