Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво.

„На министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им предложам користење на Европскиот мировен фонд за две итни мерки. Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со смртоносен материјал за херојската украинска армија, која се бори со жесток отпор против руските напаѓачи, и да се обезбедат итни потреби за други материјали, како што се гориво и медицински материјали, рече Борел, кој свика вонреден виртуелен состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Европскиот мировен фонд е вонбуџетски инструмент кој и овозможува на Европската унија да дејствува итно за да го поддржи глобалниот мир и безбедност преку помош што има воени и одбранбени импликации.

Предлогот уследи по директното барање на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба. з



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.