Од 1 јануари, според новиот Закон за либерализација на железничкиот сообраќај, и други компании од регионот ќе можат да оперираат по македонските железнички пруги. Јавното претпријатие Железници инфраструктура од оваа новина очекува приход од 98 милиони денари или 1,6 милиони евра.

Се работи за можност и други компании од регионот да учествуваат во товарниот превоз. Македонија беше една од последните земји во регионот која сè уште немаше либерализација.

„Либерализацијата не значи продажба, либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги“, изјави неодамна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Железници транспорт ќе остане доминантен оператор во товарниот превоз за компаниите.

Според проекциите приходите на Железници инфраструктура ќе се зголемат од 4 на 7 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.