Загубите во Електродистрибуција ќе се покриваат со струја од ЕСМ. Отакако на претходниот тендер компанијата обезбеди количини за  дел од загуби, по цена од 110 евра, според информации до кој дојде Телма, на денешниот тендер за останатата половина ЕСМ им понудиле цена од 100 евра за мегават. Со тоа просечната ќе изнесува колку сегашната од околу 105 евра. На тендерот за загубите ,се пријавиле и СОЛЕ 24-  трговец со струја кој и е добро познат на јавноста, затоа што државните електрани до сега неколку пати купуваа електрична енергија од нив за да ги надоместата потребите. Покривањето на загубите е еден параметар кои влегува во одлуката која треба да покаже колку ќе изнесува цената за преносот и дистрибуцијата во сметките на граѓаните, а која ја носи Регуалторната комисија за енергетика. Но, во овој дел  влегуваат и барањата на МЕПСО и МЕМО.

Паралелно ЕСМ ќе достави и нова понуда по која цена ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач од која најмногу ќе зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните идната година. Одлуката за ова е донесена вчера на затворена седница на Влада, а утре ЕСМ треба да ја достави на тендерот на ЕВН ХОУМ.

Сега, струјата од ЕСМ за домаќинствата се продава по 60 евра за мегават час. Од Владата тврдат дека нема да има големи поместувања и дека ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра. Новата цена на струјата треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од први јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.