Поранешниот директор на ЈП Градски Паркинг, Бојан Христовски, на својот фејсбук профил сподели дека сите вработени во претпријатието ќе добијат К-15.
12000 денари К-15 за сите вработени во ЈП Градски Паркинг. 100 % заслужено! На иницијатива на Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг – Скопје, поддржано од Надзорниот одбор на претпријатието, денес Управниот одбор донесе одлука за исплата на К-15 на сите вработени. По спроведување на одлуката од страна на претпријатието, вработените, за прв пат после 14 години ќе го добијат своето право за регрес за годишен одмор, односно ќе им бидат исплатени по 12000 денари на нивните сметки. Честитки за одлуката! – напиша Христовски на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.