Наша иселеничка во Австралија се вратила во татковината за да го помине летниот одмор вели дека не може да разбере како народот наоѓа пари да се прехрани, затоа што платите се ниски.

Жената за „ТВ21“ кажа дека доаѓа од земјата на кенгурите, каде што стандардот за живот бил повисок од другите земји.

Да ти кажам право, за мене со полн џеб не е страшно. Но за овој стандард, се чудам како преживуваат луѓето. А кафулињата се преполни. И тоа не знам, од каде наоѓаат пари, а се жалат дека немаат, вели соговорничката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.