Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) ја пресмета вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година. За едно четиричлено семејство да може основно да живее му се потребни 61 249,00 денари, и споредена со месец септември е пониска за само 57 денари.

Доколку се изнајмува стан од 60 м2, за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

Според првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, иако мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, алчноста на трговците е поголема и државата под итно треба да ги заузда.

ССМ бараат Владата да ги вклучи при креирање на мерките за тие да бидат подобри, и дека потребни се поголеми контроли, а доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.