Времето на евтина храна помина, смета експертската јавност, според која поради руската инвазија во Украина, пазарите како на глобално ниво, така и во регионот ќе се соочуваат со понатамошен пораст на цената на храната, особено на основните животни намирници, пренесува ВОА.

Она што нашите граѓани треба да го знаат е дека храна ќе има секогаш, но прашање е само по која цена и кој тоа ќе може да си го дозволи. Тоа е еден голем проблем, за кој мислам дека нашите политичари на Западен Балкан, немаат донесено решение за таа ситуација. И она што се занемарува е дека нема да можат сите потрошувачи, да си дозволат да имаат доволно храна. Ние веќе се соочуваме со глад, но за тоа не зборуваме, рече Мухамед Брка, професор на Факултетот за земјоделство во Сараево на меѓународна конференција во Охрид .

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.