Управниот одбор на ЈП Улици и патишта – Скопје за првпат во своето работење донесе одлука со која на вработените ќе им биде исплатено регрес за годишен одмор или к-15 за 2022 година во висина од 40% од просечната плата, објави на својот фејсбук профил Даниела Димовска, Претседател на УО на ЈП Улици и патишта-Скопје.

Во консултација со Надзорниот одбор и заземањето на заеднички став, а претходно со детално утврдување на поволниот финансиски резултат на претпријатието во изминатиот период, заклучивме дека доделувањето на регрес на вработените нема да предизвика финансиски импликации кои би го загрозило оптималното функционирање на претпријатието.

Управниот одбор при донесувањето на одлуката во целост ги зеде во предвид и ги постави како приоритет, интересите на вработените и неопходноста да им се излезе во пресрет во овој тежок период, кога секојдневно граѓаните се борат со предизвиците на инфлацијата и намалениот животен стандард.

Длабоко сме убедени дека оваа одлука ќе придонесе кон дополнително подобрување на перформансите на нашите служби што е во интерес на сите граѓани на град Скопје.

Во иднина продолжуваме со одговорно управување на ЈП Улици и патишта – Скопје со цел унапредување на услугите, одржување и подобрување на сообраќајната инфраструктура, дополнителна рационализација на трошоците, професионално менаџирање на ресурсите и постојана грижа за капацитетите и положбата на нашите вработени, информираше Димовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.