Во понеделник започнува собраниската процедура за буџетот 2024-та. Прва расправа во матичната комисија за финансисрање и буџет. Според предлог буџетот, догодина ќе се потрошат 5,5 милијарди евра што е за 5,8% повеќе во однос на годинава.

Дефицитот е предвидено да биде 545 милиони евра или 3,4 отсто од бдпВо предложениот буџет од владата изјавија дека има пари за зголемување на платите во јавниот сектор, за редовното усогласување на пензиите и за повеќе финансиски средства за општините. Според најавите од собранието пленарната расправа се очекува да започне не подоцна од 22 декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.