Во близина на локалниот пат кон село Мамутчево, во близина на експресниот пат Велес-Штип, денеска беше поставен камен темелник за изградба на далекувод.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на започнување на изградбата на новиот далекувод во Овче Поле, истакна дека се работи за особено важна инвестиција и дека овој 110 киловолтен далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица во Овче Поле во вредност од 3,2 милиони евра.

Со овој далновод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија во кои забрзано се инвестира во изминатиот период, изјави Ковачевски.

Директорот на МЕПСО, Орхан Муртазани, изјави дека ова е неопходната инфраструктура што ќе обезбеди не само сигурност и стабилност во снабдувањето со електричната енергија на жителите и стопанството во светиниколскиот регион туку и ќе даде можност за приклучување на нови корисници во преносната мрежа и интеграција на нови обновливи извори на енергија.

Како што потенцира Муртезани, ова е капитален инфраструктурен проект, а далекуводот што ќе се гради е на постоечка траса изграден пред 62 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.