ВМРО – Народна партија во врска со информацијата дека Македонија го има изгубено процесот со „Хеленик Петролеум“ на Арбитражниот суд во Париз, се огласи со соопштение со кое, како што вели, сака да појасни неколку работи.

„Казната против  Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на Македонија. Имено на една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори, иако низ сите други случаи на меѓународни договори во кои има стапено Македонија, се има прогласувано дека е ненадлежен.

 

На тој начин само заради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која требаше да помине Македонија се доведе во крајно непријатна ситуација.

Во исто време сакаме да потсетиме дека од тогаш па до денес 90 отсто од мазутот во  Македонија, вклучително и оваа последна година на голема енергетска криза, го купуваме од Грција, а најмногу од „Хеленик петролеум“ наместо да го прозиведвуиваме во ОКТА“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.