Доколку владата на Заев и пиунот Ковачевски наместо да се занимава со местење тендери, се потрудеше да обезбеди на меѓународниот пазар како сите влади од регионот и светот да обезбеди евтин гас, македонските компании и граѓани сега немаше да плаќаат најскап гас.
Граѓаните сега плаќаат поскапо парно, затоа што владата не обезбеди ниски цени на гасот, кога тоа го правеа владите на другите држави.
Само за споредба, Србија плаќа гас по цена од 270 евра за кубен метар, Турција 210 евра, Германија 230 евра. Македонија и македонските компании плаќаат цена и до 3 пати поголема од таа што ја плаќаат овие држави и нивните компании, и тоа е само заради неспособноста на СДСМ.
Таа разлика од минимум 500 евра по кубен метар гас повеќе, ако се преговараше на време немаше да биде на терет на народот и буџетот.
Владата на пиунот на Заев, Ковачевски сега својата неспособност ја става на товар на граѓаните, и тие пари наместо за нови инвестиции или гасоводи ќе одат за плаќање на скап гас.
Дополнително пиунот Ковачевски сака да го вовлече градот Скопје во криминал и да го наведе на работи кои не се предвидени согласно закон. Владата да не ги вовлекува општините кои ги остави во долгови, а додека владата набавува луксузен прибор за јадење.
Градот Скопје, ниту општините во градот, или другите општини не се ниту произведувач, ниту дистрибутер на топлинската енергија, тие немаат ниту правен субјект кој може да работи на тоа поле за да може било како да влијаат на цените. Единствено одговорна е владата, и тие таа своја грешка мора да ја признаат и низ еден транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени сите чинители да се изнајде трајно решение без граѓаните да го почувствуваат товарот на поскапувањето.
Задоволни сме што Бектеши го послуша и го прифати предлогот на претседателот Мицкоски, кој вклучува ставање во системот за производство на топлинска енергија на енергетскиот потенцијал ТЕ – ТО во време на викендите, зошто овој капацитет сега не работи за време на викендите, така ќе имаме и дополнителна домашна струја, и поголема количина топлинска енергија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.