Со СДС Македонија станува се повеќе увозно зависна за струја, енергетската иднина е несигурна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

180 ден од 2023, Извештајот на државните ревизори констатира дека Македонија на долг рок не може да обезбеди сигурно снабдување со струја. Со СДС Македонија се повеќе увезува струја, но и јаглен кој во голема мера се обезбедувал од домашни извори, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив во изминатите три години за јаглен, мазут и природен гас се платени над 588 милиони евра.

Непланскиот однос на СДС во енергетиката заедно со нивните криминални навики ја разоруваат енергетската сигурност. Во изминативе 7 години колку што се на власт СДС струјата е поскапена за 50%, што е резултат на катастрофалните политики во енергетскиот сектор и намаленото производство. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.