Процентот на растот на инфлацијата е поголем од растот на платите во Македонија, а со тоа целосно е уништен стандардот на граѓаните. Власта на СДСМ и ДУИ ги интересира само луксузирањето на нивните функционери. Енормни суми се трошат за гоштевање, нов возен парк за министрите и директорите, нов мебел, а за граѓаните зголемување на цените на сите неопходни продукти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните тонат во сиромаштија. Поскапувањата на основните продукти за 30-50%, лебот на над 110%, на горивата за над 70%, а цената на струјата за 30% додатно удираат по џебот на граѓаните. Мерките за справување со кризата на власта беа нецелосни и задоцнети, а тоа го покажуваат и бројките. Над 35% од населението во државата е во ризик на сиромаштија, секој ден имаме десетици фирми кои ставаат клуч на вратите и стотици луѓе кои ја се отпуштаат од работа. За лошата слика во економијата и катастрофалните економски политики доказ се процентот и бројките по растот на БДП за 2021 година. Македонија е закована на дното во регионот со само 4% раст на БДП. Споредбено со другите земји каде што Косово во 2021 има раст на БДП од 10,53%, Албанија има раст 8,54%, а Србија има раст од 7,40%, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Сите економски показатели се во негатива, но само долгот на државата кој го генерира оваа власт е во раст. Со оваа власт државата ја надмина психолошката граница на над 61% и надмина над 7 милијарди евра. Со оваа криминалната власт секој граѓанин во државата е задолжен за над 3.500 евра“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.