Владата на редовна седница донесе Одлука за формирање на Советодавна комисија за спроведување на План за интервенции во случај на вонредно пореметување на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и/или нафтени деривати.
Како што информираат од владината прес-служба, Советодавната комисија за задачи има да иницира предлог за донесување на одлука за настанато вонредно пореметување во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати и прогласување на нафтена кризна состојба, да предлага мерки и одлуки за нормализација на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати, да предлага дополнителни мерки за нормализација на снабдувањето на пазарот, како и други работи согласно закон и Деловникот за работа кој треба да го усвои на првиот конститутивен состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.