Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за финансии, го утврди текстот на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, соопшти владината прес-служба.
Со предлог измените и дополнувањата на Законот, како што е образложено од ресорното министерство, се следат измените на Директивата на Европската Унија со којашто се уредува данокот на додадена вредност. При тоа, во делот што се однесува на даночните стапки, се врши ревидирање на примената на повластена стапка, а во насока на усогласување со европското право и следење на ограничувањата кои се поставени. Односно се врши намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со менструални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани, се намалува даночната стапка за дигиталните учебници, се зголемува стапката на ДДВ од 5% на 10% на производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана, се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна 5% на редовната стапка од 18%.
Во однос на прометот на станбени згради и станови, односно продажбата на недвижности, се прави уште едно транзиционо одложување на примената на општата даночна стапка, којашто е задолжителна за овој промет со пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија.
Во законот се внесуваат и определени мерки, како што дозволува и самата Директива на Европската Унија, со цел да се поедностави постапката за наплата на ДДВ или да се спречат одредени форми на евентуално даночно затајување или избегнување, со цел поголема правна сигурност при наплата од страна на даночниот органи и кај самите даночни обврзници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.