Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и економскиот тим на партијата утре ќе има средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Ова го потврди вечерва Маја Кадиевска – Војновиќ, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата, изјави вечерва Кадиевска.

Средбата ќе се одржи утре попладне во Владата, во 16 часот, потврдија за МИА од Владата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.