Од 15 до 17 септември, во организација на „Македонската Соларна Асоцијација“ и Скопје Сити Мол ќе се одржи голем „Соларен Саем“. Со учество на преку 20-тина компании, на 24 резервирани локации, на приземјето во Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите технологии од соларниот сектор.
На тродневниот настан ќе бидат присутни производители и трговци на соларна опрема како: фотоволтаични колектори, термални колектори, акумулаторски батерии, топлински пумпи, фото/термални колектори, громобранска заштита, системи за греење/ладење/вентилација, бакарен фитинг за термални системи, инвертори, соларни сушари, воздушни колектори, електрични велосипеди и електрични полначи, конструкции за монтажа на соларни колектори и соларни бојлери.
Официјалното отворање ќе биде утре од 12 до 13 часот на главниот влез на Скопје Сити Мол.
Саемот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” и во соработка со „Македонското здружение на млади правници“ и „Организација за поврзување на природни вредности и луѓе” (CNVP). Целиот проект финансиски е поддржан од Владата на Кралството Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.