На 20 септември во Бизнис Центарот на УНИБанка во Скопје, во присуство на надлежен Нотар Анита Адамческа, претставник од Маркетинг агенција КИВИ – Андреа Стојановска и претставници од УНИБанка: Катица Кузманоска – Директор на Дирекција Банкарство за население и Александра Накова-Парнарџиева – Директор на Дирекција Картично работење, кои се погрижија за регуларноста, беа извлечени добитниците на наградите од големата наградна игра на УНИБанка во соработка со Mastercard „Плаќај со стил и добиј автомобил“.

Пет електрични тротинети, три мобилни „Phone 13“ телефони и главната награда, најновиот Hyundai Venue, со сигурност ќе им ја направат незаборавна 2022 година на деветтемина клиенти на банката, кои од 1 јуни до 31 август извршиле трансакција од најмалку 1.000 денари со својата дебитна или кредитна Mastercard картичка од УНИБанка.

Среќа имаа да бидат извлечени: Аце Деспотовски од с.Новаци, Битолско кој воедно беше најсреќниот и главната награда автомобил Hyundai Venue му се падна токму нему.
Среќните добитници на “Phone 13” се Ивана Куфалова од Скопје, Љубица Станкова од Радовиш и Борче Марковски од Битола. Со електричен тротинет се здобија петмина и тоа Маја Бошковска од Струга, Дарко Атанасовски од Скопје, Ивана Чапова од Радовиш, Фатмир Синаноски од Крушево и Шукри Ахмедов од Струмица.

УНИБанка им честита на добитниците за освоените награди!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.