Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември.

Овој трошок за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на другите членки на ЦЕФТА договорот треба да се укине, вели Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел .

Поседувањето на овој документ сега е задолжителен при влез на територијата на Русија , Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.

Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари.

Возачите во Македонија во просек ги чини околу 2.000 денари месечно или речиси 5.000 денари годишно.

Во контекст на последните медиумски информации за осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица (MTPL) и зелената карта, Секретаријатот на ЦЕФТА сака да обезбеди јасни и точни информации за јавноста.

На 9 октомври 2024 година, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ја усвои Препораката 1/2024, која на страните на ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите за осигурување (MTPL) низ пазарите на ЦЕФТА.

Клучните мерки вклучуваат:

Конечна цел (до октомври 2026 година): Овозможување на возачите од една ЦЕФТА страна да патуваат во друга ЦЕФТА страна без да имаат потреба од зелена карта или еквивалентна документација за осигурување MTPL.

Преодна цел (до октомври 2025 година): Намалување на административните такси за добивање на зелена карта и овозможување признавање на осигурувањето MTPL врз основа на регистрационите таблици на возилата издадени од страните кои се членки на Мултилатералниот Договор.

Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ги повикува страните целосно да ги дигитализираат осигурителните документи и да овозможат електронска размена на истите. Оваа дигитална транзиција има за цел да ја елиминира потребата од физички осигурителни документи при патување во рамките на ЦЕФТА.

Овие активности се засноваат на Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот Регионален Пазар (приоритет 3.3) и приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година (приоритет 2).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.