Најнапред сакам да го честитам 4-ти април, Денот на тутунските работници, тутунопроизводители во Република Македонија, уште долги години да си го слават овој ден. И како симболика денеска она што значи отвореност на ВМРО-ДПМНЕ е комуникацијата секојдневна со земјоделците ширум Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес одржуваме седма трибина по ред во пелагонискиот регион, на која што ќе разговараме за актуелните состојби во земјоделството. Нажалост не можеме да констатираме добри успешни политики предводени од Владата. Меѓутоа тука е ВМРО-ДПМНЕ на оваа трибина да понуди конкретни решенија и мерки како за брзо време од сега преку конкретни решенија и проекти ќе донесеме позитивни политики во земјоделскиот сектор.

ВМРО-ДПМНЕ останува да биде светлата точка на крајот од тунелот во кој што се наоѓаат земјоделците во актуелната ситуација и со едни добри политики ќе значи враќање на достоинството на македонскиот земјоделец.

ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане посветен и сериозен партнер на земјоделците кои што едноставно ќе можат да егзистираат во наредниот период во Република Македонија, додава Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.