Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет.
Денес се исплатени 75.640.400 денари кои ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците. Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, со одговорна и посветена работа во интерес на нашите земјоделци! – изјави Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.