Она за кое постојано апелирам и укажувам дека изминативе години власта води погрешни политики во земјоделството денес го потврди и државниот завод за статистика каде податоците се повеќе од загрижувачки!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
1. Вкупната вредност на откупени и продадени домашни земјоделски производи за првите три месеци во 2023 во однос на првите три месеци во 2022 е намалена за 35,3 отсто.
2. Според ДЗС откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители има намалување за 58,7 %
3. Вредноста на извршениот откуп, кај полјоделското производство, во периодот јануари-март годинава бележи огромен пад, од 2,9 милијарди денари минатата година е намалено на 700 милиони денари или за 75,6%
– Индустриски растенија пад на откуп за 88,3%
– Фуражни култури пад на откуп за 90%
– Градинарски култури пад на откупот за 7%
(Доматите од 2958 тони на 2.409 тони или пад за 18,5%)
(Пченицата од 6.730 тони на 2.265 тони или пад за 66%)
Намалување во откупот има и кај говедата од 291 тон на 103 тона или намалување за 64 %, што се должи на долгогодишниот тренд на намалување на бројот на говеда во домашните индивидуални фарми.
Драстичниот пад на откупеното домашно земјоделско производство се поврзува со зголемениот увоз на земјоделски производи.
Од 15 оранжерии годинава активни се само три, а Учеството на пазарот на домашното раноградинарско производство се сведе на 10 отсто, а доминира увозниот градинарски производ.
Е токму заради ова и сите други катастрофални политики во земјоделството, време е СДС и неспособниот Љупчо Николовски да заминат во политичка пензија!
Време е за промени!, пишува во својата објава Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.