Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ му одговори на министерот за земјоделство Љупчо Николовски дека постигнал историски највисоки откупни цени на грозјето.
Каков министер, такви цени на грозјето, КАТАСТРОФАЛНИ‼
Во услови кога цените на сите прехранбени производи енормно растат, имаме галопирачка инфлација, Николовски догобара мизерни цени за откуп на смедеревката и вранецот, од 13 и 15 денари по килограм.
Ах бе Љупчо, ова ли е таа грижа за лозарите, свесно договараш грозјето да им се купи за без пари.
Се поигруваш со маката и трудот на над 20.000 лозари во Македонија.
Народот веќе нема трпение, разочарувањата се големи, револтот расте, лозарите се се посиромашни, едвај преживуваат.
Ти и владата на СДСМ свесно го уништувате лозарството во Тиквешијата, од вакви ниски, катастрофални цени наместо во откупни пунктови, лозарите го оставаат на нивата така да скапува.
Барам веднаш корекција на цените на грозјето, имајќи во предвид дека трошоците за производство на грозје се големи и самиот факт што самата бербата на грозје е скапа.
Плус барам дополнителна субвенција од 2 денари по килограм предаден килограм грозје.
За крај, сакам да го искоментирам статусот и фотографиите на Николовски, и да му порачам:
Љупчо, по ова што си го напишал и договорил со вакви мизерни цени, се гледа дека разговорите воопшто не биле исцрпувачки, туку ти си изморен од шетање и славење по Словенија, на грбот на земјоделците.
Дополнително Љупчо кога договараш и преговараш за грозјето прво договараш средба со лозарите и ги слушаш нивните барања, а потоа одржуваш состанок со винариите, зошто ти треба да си министер на народот на лозарите, а не обратно. На фотографиите нема ниту еден лозар од кој што може лично да се слушнат неговите маки.
Веднаш корекција на цените на откуп на грозјето, во спротивно ти доаѓа крајот на министерувањето.
Се гледаме на протести!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.