Компјутерскиот систем на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе десетина дена не е во функција, а од министерството се правдаат дека се под хакерски напад без притоа да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор, изјави Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, проблемот не завршува тука. Имено од извори во министерството дознаваме дека исчезнати се голем дел од документите од архивата која што се води во министерството.

Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кои недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм регистарот и сите активни регистри што ги води МЗШВ за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници.  Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки.

Недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч.

Поради овој хакерски напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од министерството како релевантен документ за во Министерството за труд и социјална политика.

Во секторот за финансиски прашања недостасуваат документи за преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски, додека пак во секторот за човечки ресурси на министерството недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ. Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозно сомневање дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прикривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС.

Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување?

Токму затоа бараме отворање на целосна истрага и посериозен пристап од страна на МВР и органите на прогонот.

Николовски да не се крие позади партиските соопштенија и да излезе и да ја информира јавноста што до сега е преземено за целосно расчистување на случајот, во спротивно тој е највиновен и најодговорен, и секој кој свесно се огрешил пред законот мора да одговара.

Промените како во земјоделството, така и во секој сектор ќе се случат.

На граѓаните и државата им требаат сериозни луѓе со сериозен и професионален пристап кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не луѓе како од антимакедонската СДС кои што само создаваат проблеми“, изјави Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.