Директорот на ДПИ во заминување Горан Трајковски, во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за есенската кошничка и за тоа како трговците манипулираат за да ги избегнат намалувањата на цените.

Трговците се итри, знаеме дека пред донесување на одлуката беше споменато во јавноста дека ќе се носат кошнички, и тие во меѓувреме ги зголемуваат цените, и се подготвуваат за таквите работи поажурно и побрзо отколку во минатото. И затоа има казни од наша страна. Повторно апелирам, конкретно кон големите и малите маркети, повторно како општествено одговорни компании, ако имаат простор на основните прехранбени производи да ги намалат цените самоиницијативно, а јас сум убеден оној кој прв ќе го направи, сите ќе пазариме од него и ќе пазирме и друго нешто покрај тие основни прехранбени продукти – рече Трајковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.