На денешната панел дискусија на тема „Катастрофална меѓународна промоција на Македонија“, свое обраќање имаше и доц. д-р Викторија Трајков, професор и стратешки соработник за меѓународна соработка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Таа зборувајќи за важноста од економската дипломатија за промоција на земјата и привлекување на странски директни инвестиции истакна дека Македонија во минатото беше пример за една одлично организирана економска дипломатија чии бенефити се чувствуваат и денес особено во помалите градови каде благодарение на ваквата стратегија се отворија многу капацитети и фабрики кои сведочат за едно убаво време, за разлика од актуелната влада која таквото делување го сведела на минимум.
„Кога станува збор по дефиниција што би значела економска дипломатија самиот збор кажува дека тоа би требало да биде поддршка и промоција на економските капацитети на една држава која што секако се прави преку Министерството за надворешни работи кои што би требало преку своите дипломатско конзуларни преставништва да биде тој водач кој што ќе дава навигација како би се одвивала целата таа економска промоција. Но, исто така она што е многу важно е суштината на економската дипломатија да си го промовира она што дома се прави, значи домашното производство да го промовира на втори, трети пазари итн. МНР можеби е сегмент, но игра доста клучна улога во целата економска дипломатија, меѓутоа она што треба целосно да се направи е една државна стратегија за тоа како ќе се однесува самата држава во светот и како самата држава би се промовирала и на кој начин би се промовирала. Ние бевме сведоци на една одлична економска дипломатија, односно на еден одличен економски пакет за тоа како една држава треба да биде промовирана во светот која што за жал во последните години оваа влада е сведена на минимум. Разликата може да се направи, граѓаните тоа го гледаат, не е дека некој треба посебно да знае по дефиниција што би значела економска дипломатија, туку дали има работни места или нема работни места и дали сиромаштијата и нивото на сиромаштија се крева или паѓа“, истакна Трајков и додаде:
„Мислам дека бенефитите на економска дипломатија и таа меѓународна промоција од претходно ја чувствуваме и денес, особено во помалите градови каде што се отворија многу капацитети. Сѐ уште тие фабрики сведочат за едно убаво време, една убава стратегија и доста памета меѓународна стратегија за промоција на Македонија, а со тоа и бенефитот кој што го добива самиот граѓанин да има соодветно работно место“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.