Светска банка во најновиот есенски eкономски извештај за Европа и Централна Азија, предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,1 отсто, додека во наредната растот на домашниот бруто-производ ќе изнесува 2,7 отсто, а во 2024 година 2,9 отсто, пишува „ВОА“.

Оваа финансиска институција, во последниот извештај предупредува на можноста земјата да влезе во зоната на стагфлација, односно на забавен или низок економски раст проследен со високи стапки на инфлација.

Во препораки за македонската економска слика се посочува дека со ограничен фискален простор, зголемен јавен долг и зголемени трошоци на финансирање, фискалната поддршка треба да се насочи кон најранливите категории на луѓе во општеството.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.