Оваа влада на година дена после потпишувањето на еден од нај криминалните договори „Бехтел и Енка“ се уште нема поставено ниту грам асфалт на оваа релација но затоа има потрошено наши, односно ваши пари во износ од преку 200 милиони евра токму за ова ништо, вели Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

 

“Со програмата платформа 1198 ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на правецот Тетово – Гостивар и завршување на автопатот Кичево – Охрид. Ова е еден од нај големите приоритети токму за жителите на изборната единица 6 и ова е доказ односно потврда дека за нас граѓаните се на прво место“, вели таа.

Според неа, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно ќе биде горда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.