Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги повикува сточарите да ја искористат поддршката за изградба на мандри.

Николовски потсетува дека рокот за аплицирање е до 20 мај 2022 година.

-Сите сточари да ја искористите поддршката за изградба на мандри на бачилата. Нашето сирење е едно од најквалитетните и ова е одлична можност да добиете кофинансирање до 75 отсто за опремување мандри. Истовремено, за сите кои се занимаваат со сточарство, отворена е можноста за добивање финансиска поддршка до 75 отсто за набавка на силоси, за зголемување на складишниот капацитет за исхрана на добитокот, напиша министерот Николовски на својот фејсбук профил.

Министерот посочува дека повеќе информации за начинот и постапката за аплицирање може да се прочитаат на https://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp?fbclid=IwAR1dwnHyXoCyAi6R-1WRtfX0ecptIsJGQXvBqcSCeo83cid_HSLQr1Pe5O8. мч/мд/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.