СДС и ДУИ со лошата и неправедна економска политка го зголемуваат бројот на социјални случаи и на лица кои едвај преживуваат со мнимални плати и пензии.
Мнозинството граѓани немаат доволно средства за егзистенција. Нивото на осиромашување на населението во држава со пазарен систем нема лимит.
Затоа минималните плати вршат демотивација на работниците, а се дерогира понудата и побарувачката на пазарот на труд.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека појавата на енормен раст на плати во македонската политичка елита, наспроти минимален раст на плати и пензии создава полазризација и станува извор на можни социјални конфликти. Минималниот раст на приходите и пензиите не ја покрива стапката на инфлацијата која е наметнат данок на приходите на населението.
Ниската стапка на раст на БДП не овозможува динамизам на социјалните промени. Двоцифрената инфлација не се намалува само со миксот на влијание од монетарната и фискалната политика.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека е неопходна стабилизациона макроекономска политика за да се спречи пауперизацијата и масовното иселување. Затоа е потребна итна смена на неуспешната и ненародна власт на СДС и ДУИ.
Новоизбраната власт мора да преземе конкретни мерки и политики од социјалната држава која ја има таа обврска за одржување на раст и стабилност но и на социјален мир и развој и повисок стандард на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.