На почетокот на декември, односно наредната недела ќе се знае кои производи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка, што ја подготвува министерството за економија.
Овој пат се очекува листата на производи со ограничена профитна маржа да биде подолга, односно на неа да се најдат над 600 прехранбени производи.
Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката – рече Дурмиши, не откривајќи повеќе детали.
Министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец.
Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.