Ќе чекаме по три плати до понеделник, ако не добиеме ќе бараме стечај бидејќи само на тој начин ќе можеме да ги добиеме платите за октомври, ноември и декември. Вака изјави денеска за МИА, Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во „Еуроникел индустри”, поранешно ,,Фени”.
Нашата агонија трае веќе подолго време. Ги нема веќе странските газди на фабриката. Банка доверител стана сопственик на имотот на компанијата. Печката на комбинатот не е исклучена, таа е се уште во топла состојба, се надеваме дека ќе се најде инвеститор што ќе ни ги скрати маките, рече Ѓорѓиев.
Тој нагласи дека станува збор на некогашен гигант на кавадаречката и македонската економија, од чија судбина зависат семејствата на околу 800 вработени и многу други соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.