Шестото издание на Македонскиот eнергетски форум – МЕФ ќе се одржи денеска и утре во хотел Хилтон.
Темата на овогодинешниот МЕФ23 е „Подобрување на триаголникот ‘Политики – Финансиска – Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција“. Во текот на овие два дена ќе има голем број на високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации.

Клучни говорници на МЕФ23 ќе бидат:

  • Стево Пендаровски, претседател на Република Македонија,
  • Фатмир Битиќи, вицепремиер за енергетски прашања во Владата на РСМ,
  • Ервин Ибрахимовиќ, вицепремиер, Црна Гора
  • Крешник Бектеши, министер за економија, Македонија,
  • Белинда Балуку, министер за енергија и инфраструктура, Албанија
  • Сташа Кошарац, министер за надворешна трговија и економски односи, БиХ
  • Артан Ризваноли, министер за економија, Косово
  • Кадри Симпсон, комисионер за енергија, Европска Комисија
  • Ангела Агелер, Амбасадор на САД во Македонија
  • Мартин Викерс, пратеник и трговски претставник на премиерот на Велика Британија за Западниот Балкан
  • Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска
  • Џофри Рос Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси, Министерство за надворешни работи на САД
  • Џулија Смит, Заменик шеф на мисијата во Британската амбасада, Скопје

Македонскиот енергетски форум е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Овој форум започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

Детална агенда за двата дена е достапна на https://mef.mk/agenda



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.