Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за коишто се водеше постапка за спогодбено раскинување на договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија. Со ова практично нема да се реализираат договорите за концесија на седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина, лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина. Изработен предлогот за спогодбено раскинување на Договорите. Во изработениот предлог за спогодбено раскинување на договорите, според информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидено е да се надоместат реално направените трошоци за реализација на договорите и уплатените трошоци од страна на концесионерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.