Здружение на летни ноќни клубови на Скопје информира дека се враќа ноќниот живот во главниот град.
Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции и во заедничка координација со сите служби најдовме решение и од денес можеме да прогласиме дека Скопје живее повторно, младите во Скопје ќе имаат каде да се забавуваат и социјализираат, нагласуваат од Здружението.
Оттаму изразија багодарност до медиумите, јавноста, градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и министерот за Економија Крешник Бектеши кои, како што велат, придонеле да добијат дозволи за работа за 2022 година.
Ни овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот после полноќ. Младите во Скопје ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и низ светот да се забавуваат, социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови, се наведува во соопштението на Здружение на летни ноќни клубови на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.