Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценува дека денес имал конструктивна средба со пензионерите од Струмица.
-Тие се чувствуваат навредени од страна на министерката за труд и социјална политика и Владата бидејќи немаат никаков слух за нив и тие се приморани своите права да ги бараат на улица. Нивниот револт е целосно оправдан бидејќи се изневерени, рече тој.
Мицкоски потенцира дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат вкчучени барањата на лицата од третата доба и како идна власт ќе направат се за подобрување на пензионерскиот статус.
„Важно е да се грижиме за лицата од третата доба. Важно е пензионерите да добиваат повисоки пензии“ – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.