Ребалансот на Буџетот најверојатно во мај или јуни ќе се најде во собраниска процедура, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на економскиот форум „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” што го организира „Finance Think“.

Во своето обраќање, Бесими откри дека во ребалансот неизбежно е дефицитот да биде поголем.

Тоа е неизбежно, за да можеме со овие политики да реагираме соодветно навремено и со соодветен обем. Тоа е исто како со антибиотикот – ако не го дадеш на време и во точна количина или ако не се доволни дозите, тоа ќе создаде пореметување на организмот. И тоа е за нас предизвик, рече Бесими.

На нула ќе бидат сведени трошоците за мебел и возила и ќе има реструктуирање внатре во ресорите каде нема доволна реализација на проекти за да се финансираат новите потреби. Се очекува, како што рече, подобра реализација на планот на приходите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.